Убавата холивудска двојка раскина во 2019 година, но успеа да одржи пријателски односи заради одгледување заедничка ќерка. Сепак, постои можност поранешните партнери повторно да се здружат и да имаат повеќе деца!
Супермоделот ги шокираше фановите оваа недела со фотографија од нивниот тропски семеен одмор, а инсајдер изјави за западниот печат дека тие би можеле повторно да го разгорат романтичниот пламен.

„Тоа беше вистински семеен одмор, Ирина и Бредли размислуваат повторно да бидат заедно. Сакаат нивната ќерка да има брат или сестра“, рекол изворот.
Што се однесува до самиот Купер, тој ја поддржува оваа идеја и, како што рече, односите со помошничката на Хилари Клинтон биле „несреќна околност“. По раскинувањето со Бредли, Ирина имаше афери со Вито Шнабел и Канје Вест, но врските брзо завршија.
„Двајцата не се во сериозна врска со никој друг и двајцата сакаат да имаат бебе. Тоа не е Bennifer 2.0, тоа е повеќе „зошто да не?“ Можеби е време тие конечно да се смират навистина“, додаде инсајдерот.
