Пејачката на својот Твитер профил објави фотографија на која Александар држи кутија со голем дијамантски прстен и предизвика лавина прашања.
Музичката дива Шер ги подгреа гласините за свршувачка откако на својот Твитер профил на Божиќ објави фотографија на која нејзиното момче, продуцентот Александар „АЕ“ Едвардс држи кутија со дијамантски прстен.
„Немам зборови, Александар, АЕ“, напиша пејачката покрај објавата, предизвикувајќи лавина збунети коментари од нејзините обожаватели. „О Боже, те запроси?“, „Се мажиш?“, „Честито!“, „Шер, не можеш да го објавиш ова, а потоа да исчезнеш!“, ѝ напишале.
THERE R NO WORDS,
— Cher (@cher) December 25, 2022
ALEXANDER,A.E pic.twitter.com/TZOYLGVWkv
Таа наскоро повторно ја објави истата фотографија, велејќи дека ја објавила затоа што ноктите на Александар се „толку кул“. Сепак, на многумина сè уште не им беше јасно дали се работи само за шега или Шер навистина се свршила.Потсетуваме дека пејачката неодамна гостуваше во телевизиското шоу на Кели Кларксон и зборуваше за врската со четириесет години помладиот продуцент. Таа рече дека признава дека нивната врска е „смешна на хартија“, но објасни дека во реалноста одлично се согласуваат.

Таа додаде дека на мажите обично не им дава комплименти кои не ги заслужуваат, туку имала само пофални зборови за својот Александар. “Тој е убав, многу љубезен, многу паметен, многу талентиран и навистина забавен. И мислам дека е прилично убав”, рече таа.
