Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Биполарна личност, склон кон дрога, алкохол и скандал: Влегувал во големи бракови, притоа криејќи сѐ дека е хомосексуалец!

Кери Грант e една од најголемите sвезди на златнaта доба на Холивуд, а во новата книга „Cary Grant: A Brilliant Disguise“ од Скот Ајман беа откриени бројни детали од неговиот живот.

“Кери е целосно измислен лик и јас ја играм таа улога цел живот. Нема шанси навистина да сум Кери Грант. Во умот сум негативец по име Арчи Лич. Сепак, мислам дека Кери Грант направи многу чуда во текот на мојот живот”, била една од неговите изјави пронајдена во неговата книга. Биографијата ја следи и внатрешната борба на Грант околу сексуалноста што ја имал со себе со години.

Вистинското име на Грант е Арчибалд Лич и за време на неговата бурна кариера застанал пред олтарот четири пати, тој бил лудо заљубен во Софија Лорен, а поради неговиот ненадеен темперамент и нарцизам, бил на терапија. Неговата трета сопруга, актерката Бетси Дрејк, ја запознал преку психотерапија и ЛСД.

Лич е по потекло од Бристол, Англија, и како момче сонувал да избега од родниот град. Тој отпатува за Њујорк во средината на 1920-тите и одлучил дека никогаш нема да се врати во Англија. Таму се приклучил на група акробати кои совршено оделе по железните потпорници, каде тогаш учествувал на различни настапи низ градот.

Ентузијазам за Холивуд

Пред да се пресели во Лос Анџелес, научил да глуми од неговите модели, чии движења ги копирал, и сето тоа време бил огорчен за односот што го имал со неговите родители пред да замине во САД.

Дури по многу години тој му признал на психијатарот дека причината за неговата поделена личност бил самиот тој, а не неговите родители.

“Сфатив дека се правам несреќен. Имав многу проблеми низ годините, но тоа беа проблемите на Арчи Лич, а не на Кери Грант”, рече еднаш актерот.

Халуциногените лекови некое време му беа дневна рутина и не криел дека зема ЛСД.

Тој размислувал за глума додека живеел во Њујорк, каде ја запознал актерката Феј Вреј, која подоцна се прослави со филмот „Кинг Конг“ во 1933 година. Кога пристигнал во Холивуд, се обиде повторно да стапи во контакт со неа, во надеж дека ќе му помогне да изгради кариера. Имал среќа затоа што тука и таму соработувал со Парамаунт, а во текот на една година се појавил во дури 10 нивни филмови.

Во тоа време, тој започнал врска со Вирџинија Ширли, која подоцна му стана прва жена, но тие беа во брак само десет месеци.

„Бев заљубена во Кери, но тој беше заљубен во себе и немав шанса“, изјави актерката по разводот. Живеел и со актерот Рандолф Скот, а нивните животи привлекоа големо внимание и сите мислеа дека се во врска.

Вториот пат тој запловил во брачното пристаниште со Барбара Хатон, која подоцна се пожали дека Кери не е толку забавна личност во приватниот живот како што бил во филмовите. Нивниот брак не траел долго, а гласините за Грант почнале да кружат сè повеќе во Холивуд. Колегите не го сакале поради неговиот ненадеен темперамент и затоа што секогаш ќе се опиел премногу и ќе бил непријатен. Многумина исто така мислеа дека е скржав.

Бесен на Софија Лорен

Неговиот трет брак со Бетси Дрејк бил осуден на пропаст уште од самиот почеток поради едно патување. На самиот почеток на бракот, тој заминал да снима филм во Шпанија, а негова колешка беше Софија Лорен. Тој се вљуби во неа на прв поглед. Грант дури и ја запроси, но таа била лудо заљубена во италијанскиот продуцент Карло Понти. Грант останал бесен затоа што никој претходно не го одбил.

Четврти пат застана пред олтарот со актерката Дајан Канон, и клекна на колена кога ја виде во ТВ-емисија. Заедно имаат ќерка Џенифер, која Кери ја обожавал, но тој не бил добар сопруг со својата четврта жена.

Кери Грант почина во декември 1986 година, а неколку дена пред неговата смрт, тој изјави дека многу жали што имла актерска кариера и посакувал да биде подобар човек, татко и сопруг.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement