Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Бил Гејтс вели дека повторно би се оженил со поранешната сопруга Мелинда бидејќи имал „одличен брак“ со неа…

Бил Гејтс се отвори за својот брак со поранешната сопруга Мелинда Френч Гејтс бидејќи милијардерот рече дека имал „одличен брак“ со неа.

Во интервју за Сандеј Тајмс, основачот на Мајкрософт откри дека последните две години биле „прилично драматични“ со КОВИД и неговиот развод. Сепак, тој смета дека „најчудниот дел“ за него било заминувањето на неговите деца.

Тој изјави за медиумот: „Секој брак додека децата ја напуштаат куќата ќе помине низ транзиција. Мојата за жал помина низ оваа транзиција наречена развод“.

„Но, од моја гледна точка, тоа беше одличен брак,немаше да го сменам. Знаете, јас не би избрал да се оженам за некоја друга“, додаде тој.

Бил продолжи: „Ако зборувам дали повторно би се оженил за Мелинда тоа би било да. Во однос на мојата иднина, немам никакви планови, но топло препорачувам брак“.

Тој понатаму изјави дека се чувствува „среќен“ што сè уште работи со неговата поранешна сопруга, додавајќи: „Имаме годишен состанок на вработените во Фондацијата и Giving Pledge и годишниот состанок во јуни што таа и јас го организираме заедно. ”

Двојката се венчаше во 1994 година по 7 години врска и објавија дека се разведуваат по 27 години заедништво во 2021 година.

Тие имаат три деца заедно, две ќерки, Џенифер и Фиби и синот Рори.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement