Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

БИЛА ЗЛОУПОТРЕБУВАНА ОД ОЧУВОТ КОГА ИМАЛА 11 ГОДИНИ!ПРЕД МНОГУ ГОДИНИ ГО ПОЛУДЕ СВЕТОТ, А ПОТОА ИСЧЕЗНА:СЕГА СЕ ВРАТИ И ГИ ШОКИРАШЕ СИТЕ!

Канадската пејачка Шенаја Твен, авторка на хитовите “That don’t impress me much” и “Man, I feel like a woman”, се повлече од сцената пред 15 години, поради сериозни проблеми со гласните жици, а сега, по период на опоравување, таа се врати на музичката сцена и се појави на Греми наградите.

Шенаја дојде како водителка, но и голем фан на Хари Стајлс, чии песни ги потпевнуваше за време на неговиот настап, а снимката на пејачот во сребрен костум остана во сенка на изгледот на познатата пејачка кога „влета во кадар“. Шенаја денес е црвенокоса и го облече аутфитот за кој сите зборуваа.

Шенаја, чие вистинско име е Ајлин Реџина Едвардс, пред неколку години ги открила грозоморните детали од нејзиниот живот и признала дека нејзиниот очув сексуално ја малтретирал кога имала 11 години.

  • Никогаш не го запознав татко ми, а мајка ми беше длабоко депресивна. Се омажила за ментално болен алкохоличар. Толку се караа што навечер не ми дозволуваа да спијам додека не слушнав дека и тие спијат. Секое утро мислев дека ќе најдам еден од нив мртов во кревет – изјавила пејачката која во своите мемоари опишала како очувот ја тепал нејзината мајка.
  • Тогаш го зедов столот и го удрив по грбот. Се сврте и ме удри по устата. Му возвратив – се присетила на инцидентот со Твен што се случил кога имала само 11 години.

На прашањето на новинарот на „Гардијан“ дали имало сексуално злоставување,даде потресен одговор.

  • Секако дека да. О, да.Но, не сакам да зборувам за детали. Не ми пречи да кажам дека тоа се случило, бидејќи мислам дека е важно луѓето да слушнат дека можеш да преживееш такви работи и да останеш нормален – изјави таа.

Шерон мајката на Шенаја и споменатиот очув Џери загинаа во сообраќајна несреќа во 1987 година, а таа потоа стана глава на семејството и се грижеше за четирите браќа и сестри.

Прочитај

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Green Tea

Доколку сте забележале дека вашата чиста постелнина во вашиот плакар има мувлосан мирис, експертите велат дека најчестите причини се преостанатата влага, лошата вентилација и...

Advertisement