Канадската пејачка Шенаја Твен, авторка на хитовите “That don’t impress me much” и “Man, I feel like a woman”, се повлече од сцената пред 15 години, поради сериозни проблеми со гласните жици, а сега, по период на опоравување, таа се врати на музичката сцена и се појави на Греми наградите.
Шенаја дојде како водителка, но и голем фан на Хари Стајлс, чии песни ги потпевнуваше за време на неговиот настап, а снимката на пејачот во сребрен костум остана во сенка на изгледот на познатата пејачка кога „влета во кадар“. Шенаја денес е црвенокоса и го облече аутфитот за кој сите зборуваа.

Шенаја, чие вистинско име е Ајлин Реџина Едвардс, пред неколку години ги открила грозоморните детали од нејзиниот живот и признала дека нејзиниот очув сексуално ја малтретирал кога имала 11 години.
- Никогаш не го запознав татко ми, а мајка ми беше длабоко депресивна. Се омажила за ментално болен алкохоличар. Толку се караа што навечер не ми дозволуваа да спијам додека не слушнав дека и тие спијат. Секое утро мислев дека ќе најдам еден од нив мртов во кревет – изјавила пејачката која во своите мемоари опишала како очувот ја тепал нејзината мајка.
- Тогаш го зедов столот и го удрив по грбот. Се сврте и ме удри по устата. Му возвратив – се присетила на инцидентот со Твен што се случил кога имала само 11 години.
На прашањето на новинарот на „Гардијан“ дали имало сексуално злоставување,даде потресен одговор.
- Секако дека да. О, да.Но, не сакам да зборувам за детали. Не ми пречи да кажам дека тоа се случило, бидејќи мислам дека е важно луѓето да слушнат дека можеш да преживееш такви работи и да останеш нормален – изјави таа.
Шерон мајката на Шенаја и споменатиот очув Џери загинаа во сообраќајна несреќа во 1987 година, а таа потоа стана глава на семејството и се грижеше за четирите браќа и сестри.
