Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Бесплатен и корисен: Убавицата Ирина Шајк го откри нејзиниот Beauty совет кој го применува со години

Прекрасната руска манекенка за која многумина сметаат дека е една од најубавите жени во светот, предизвикува восхитувачки погледи каде и да се појави.

Зад 34-годишната Ирина Шајк стојат многу насловни страници и кампањи на познати модни брендови, а познатата убавица плени со својата необична убавина, за што, како што еднаш откри, одговорни се и татарските гени на нејзиниот татко, кого го загубила рано.

View this post on Instagram

@riccardotisci17 ????

A post shared by irinashayk (@irinashayk) on

Надвор од црвениот тепих каде остава без здив во гламурозни тоалети, Ирина дури и во слободно време кога е без шминка и совршена фризура, изгледа прекрасно.

Витката бринета со волшебна убавина во краткото видео интервју за Вог раскажа како научила совети за убавина од нејзината мајка Олга, кои редовно ги применува наутро.

‘Кога сум на пат или сум уморна и се будам со отечени очи, најдобриот начин да го надминете тој проблем е да ги поминете со коцка мраз. Тоа ме научи мајка ми и навистина помага. Само поминувам со мразот околу очите, брадата и лицето. Навистина помага “, рече долгоногата Русинка, заштитно лице на многу модни куќи.

Убавата Ирина вели дека секогаш пие вода со неколку капки свежо исцеден сок од лимон наутро и дека кога не работи ужива да е без шминка.

Таа никогаш не оди во кревет со шминка на лицето, и не заборавада користи крем со УВ заштита и да избегнува прекумерно изложување на сонце.

Во нејзината бања секогаш има кокосово масло, кое често го користи за нега на кожата, веднаш по туширање на влажна кожа.

Ирина секој слободен момент го користи со својата ќерка Лео Де Сејн, кого ја доби од врската со Бредли Купер, а потоа е лежерно облечена и без шминка бидејќи воопшто не се грижи за изгледот.

‘Мислам дека поради социјалните медиуми луѓето се чувствуваат под притисок. Луѓе знаат да ми кажат: „Ах, изгледаш поразлично во живо“. Изгледам различно затоа што не сум под совршено светло и совршено нашминкана. Само шетам таква каква што сум ’, искрена е Ирина.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement