Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Бен Афлек подготвува филм за култниот бренд Air Jordan…

Познатиот актер повторно ја презеде режисерската палка, овој пат за филм кој ќе ја прикаже историјата на мега соработката помеѓу спортски бренд и легендарен кошаркар.

Денес Air Jordan е познат како култен бренд за улична облека, а нивните Jordan чевли сè потешко се наоѓаат во гамата поради големата побарувачка – затоа цените на некои модели почнуваат од неколку илјади долари. Доколку сте љубител на брендот или ако не сте детално запознаени со неговата историја, ќе уживате во новиот филмски проект на Бен Афлек и Мет Дејмон. Покрај актерската улога, Афлек ја презеде и режисерската палка.

Во април оваа година во кината пристигнува филмот „Air“ кој ги следи почетоците и самото создавање на брендот Air Jordan,кој започна со соработката на спортскиот бренд Nike и тогашниот сè уште дебитант Мајкл Џордан. Инаку, филмот е првиот проект на продуцентската куќа Artist Equity, кој го започнаа Афлек и Дејмон,кој има улога во филмот.

Имено, тој ќе го отелотвори директорот на Nike,Сони Вакаро, додека Афлек е во улога на ко-основачот Фил Најт. Покрај овие две силни актерски имиња, останатиот дел од актерската екипа го сочинуваат познатите имиња Џејсон Бејтмен, Крис Такер и Виола Дејвис. Филмот ќе понуди носталгично патување низ кариерата на кошаркарската легенда и раѓањето на брендот кој засекогаш ја промени современата поп култура и трендови.

Филмот „Air“ доаѓа во кината на 5 април, а потоа ќе биде достапен и на стриминг платформата Amazon Prime Video.

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement