Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Бен Афлек очаен: потајно размислува за враќање на врската со Ана

Нова врска, надеж за помирување или соло живот – е дилемата на славниот актер Бен Афлек, кој навистина има турбулентен љубовен живот, особено во последните неколку години. Неодамна, во светот одекна веста дека 48-годишниот заводник е повторно соло, по нешто помалку од една година врска со Кубанката Ана Де Армас. После тоа, актерката драстично го смени изгледот, а тој ослабе. Сега неговиот пријател зборуваше за сè, тврдејќи дека Бен не знае ни што сака за во иднина.

„Бен смета дека не треба да влегува во нова врска во овој момент. Сигурно ќе биде сам некое време. Тоа му изгледа како најдобра опција. Освен ако по некое чудо, Ана не му се врати и побара друга шанса. Сега тој е исклучиво фокусиран на себе и на своите деца“, откри еден извор за The Mirror on Saturday. Неговите пријатели го советуваа да биде зафатен и да се држи настрана од нова авантура и љубов. Иако сè изгледаше совршено, нивната љубов беше комплицирана, па затоа и на крајот не успеаја.

„Бен повеќе не е со Ана. Таа ја раскина врската, која едноставно беше премногу комплицирана. Ана не сака да живее во Лос Анџелес, а Бен очигледно мораше поради неговите деца кои живеат таму“, открил добро информиран извор по прекинот, додека друг додал дека одлуката на крајот била вообичаена, и дека тие останале пријатели.

Според последните фотографии, таа добро се справува со паузата, додека за него, не може да се каже нешто позитивно – барем како што е напишано на Интернет. Многумина се загрижени за актерот, за кого изгледа дека потешко ја прифатил разделбата. Зарасната брада и коса, нагласени образи и пијано лице, облечен во лежерна комбинација и, сето тоа фатено од папарацо-фотографи. Имено, 48-годишникот изгледа како да не јадел ниту спиел со денови.

За нивната врска почна да се зборува во март 2020 година, а во јуни тие беа фатени заедно на протестите на Black Lives Matter во Лос Анџелес. Тие, наводно, поминале некое време заедно во Џорџија со мајката на Бен, Кристин и трите деца, 14-годишната Виолет, 11-годишната Серафин и осумгодишниот Самуел, кои Афлек ги има од бракот со 48-годишната актерка Џенифер Гарнер. Тој раскина со неа поради проблеми со алкохолот, а тие се разведоа пред три години. Судејќи според се’, актерот нема среќа во љубовта.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement