Хелен Расел, автор на книгата „The Atlas of Happiness“, ни открива тајни на среќата од целиот свет, кои можат да ни помогнат во промената на нашите животни навики..
Од Австралија до Велс, преку Бутан, Ирска, Финска, Турција, Сирија, Јапонија и многу други земји, Хелен Расел, автор на „The Atlas of Happiness“ – ги открива глобалните тајни за тоа како да се биде среќен“.
Исланд
Ако сте вознемирени за претстојно интервју за работа, инспирирајте се од Исланѓаните и стекнете храброст со малку став „taetta reddast“ – непоколебливо верување дека на крајот сè ќе заврши добро.
Кина
Ако сте го изгубиле патот во животот, бидете како Кинезите и пронајдете го своето „xing fu“, односно што ќе ви ја даде вистинската цел.
Италија
Ако ви пречат премногу обврски, запомнете ја италијанската уметност на уживање во слободно време – „dolce far niente“.
Шведска
Кога ви недостасува заземјување и поврзаност со природата, Швеѓаните имаат решение – само пронајдете ја својата „smultronställe“ или „патека на дива јагода“ – совршено бегство од остатокот од светот.
