Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Астрологијата открива: Што можеме да очекуваме од првиот месец во 2021 година?

На влезот во јануари, првиот месец од нетрпеливо очекуваната 2021 година (a ќе видиме колку ќе ги исполни нашите очекувања – јас сум прилично скептична во врска со тоа), нè чекаат Сонцето, Меркур и Плутон во знакот на Јарец. Сатурн и Јупитер се во знакот на Водолија, Нептун во знакот на Риби и Марс во знакот на Овен. Уран е сè уште ретрограден во знакот на Бик, Месечината во знакот на Лав и Венера во Стрелец. Самиот момент на влегување во новата година е….. повеќе песимистички отколку оптимистички….

Уште на 4 јануари, Меркур, приближувајќи се кон Плутон, почнува да прави квадратни аспекти со Марс, што од знакот на Јарец, што од знакот на Водолија – ќе траедо 10 јануари. Значи, веќе деновиве влегуваме во напнати моменти кои се поврзани со деловно-материјалната сфера и силната нервоза. Енергијата е особено нестабилна од 8-ми до 12-ти, кога Меркур прави квадратен аспект со Уран во знакот на Бик. Овие аспекти значат разни „пукања“, шокови, непријатни изненадувања, откритија што не исфрлаат од рамнотежа, скандали и зголемени здравствени проблеми.

На 6 јануари, Марс преоѓа во знакот на Бик, знакот на материјата, финансиите, добрата и личните вредности. Неговата позиција тука е лоша и означува проблеми и борби во финансискиот сектор. Од неговото влегување во знакот на Бик, Марс ќе биде во квадратен аспект со Сатурн и Јупитер, но исто така и заедно со Уран – така ќе се повторат ситуациите од вториот дел на 2020 година – значи оние што не се решени и „затворени“ – овој пат ќе имаат конечно „повлекување на линијата“, на прилично непријатен и бурен начин. Овие аспекти остануваат активни до 21-ви јануари.

На 8ми Венера преминува во знакот на Јарец. За оние кои се емоционално стабилни – ова е добар транзит. За оние кои не се – тоа претставува ладење, дистанцирање и затворање. Добриот аспект на Венера со Марс во знакот на Бик дава можност за силни врски, дополнително зајакнување, дава трајни љубовни приказни и можност да се најде личност која би можела да стане значајна во нашите животи. Венера на 13-ти, токму на новата Месечина што се случува во знакот на Јарец, прави триаголник со Уран во знакот на Бик, како и со Марс – затоа, тука е одличен период за љубовни изненадувања, но и за солидна заработка.

На 14 јануари, Уран се движи по директен пат во знакот на Бик, а на 19 јануари Сонцето се менува во знакот на Водолија. 28-ми е полна месечина во знакот на Лав. Меркур влегува во својата сенка во средината на јануари, а тој се движи ретроградно до 30-ти низ знакот на Водолија.

Во суштина, периодот од 4-ти до 21-ви јануари е исклучително оптоварен за нас и може да донесе активирање на проблеми во различни сектори. Започнува од квадратот Меркур и Марс, преоѓа на квадратот Марс со Сатурн и Јупитер и завршува со квадрат меѓу Јупитер и Уран. Квадрат до квадрат, борба до борба. Сите квадрати се од фиксни знаци, што значи дека станува збор за борби каде ниту една од страните не сака да се откаже. Сите „борби“ се поврзани пред се со материјалниот и финансискиот сектор, што ни кажува дека овој јануари ќе биде прилично „напнат“ за финансиските прашања и дека ќе имаме многу нервоза околу ова. Многу експлозивна атмосфера од сите страни, а во исто време и засилување, притискање.

Да, најчесто јануари е најдепресивниот месец во годината, но мислам дека убаво ќе го паметиме и овој. Не сум оптимист во врска со нашиот душевен мир, бидејќи – и покрај некои убави аспекти и поволни можности, суштината на јануари е сепак – борбата. Сакам да бидете победници во овие битки. Со среќа!!!!

Прочитај

____celebrity

Шокантна приказна за познат актер. Актерот Мет Лебланк, познат по улогата на Џои Трибијани во ТВ серијата „Пријатели“, поминал низ еден од најтешките периоди...

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

Advertisement