Пејачката Аријана Гранде неодамна на Инстаграм објави дека основала фондација која ќе биде посветена на помагање на младите трансродови луѓе.
Во соопштението таа напиша дека ја основала фондацијата наречена „За заштита и одбрана на трансродовите млади“ во соработка со платформата за собирање средства Pledge.
Пејачката напиша дека фондацијата е основана за да им помогне на организациите кои им помагаат на младите трансродови луѓе да се залагаат за своите права.
Во коментар, таа ги повика следбениците да и помогнат на фондацијата со нивните донации, додавајќи:
- Во моментов има стотици неплатени, срамни судски трошоци во судски процеси кои се обидуваат да им ги ускратат правата на младите трансродови луѓе.
Таа ги повика и организациите кои се занимаваат со правата на трансродовите лица да добијат информации за фондацијата и да ја рашират информацијата, а сето тоа го најави на 31 март кога се одбележува денот на видливост на трансродовите лица.
