Пејачката за оваа посебна пригода носела венчаница од дизајнерката Вера Ванг.
Аријана Гранде на Инстаграм објави галерија со слики од нејзината венчавка со агентот за недвижнини Далтон Гомез. Двојката се венчаше на 15 мај, на скромна церемонија одржана во домот на пејачката во Калифорнија.
На денот на нејзината венчавка, стилистката Мими Катрел избра за невестата свилен бел фустан со деколте на грбот од дизајнерката Вера Ванг. Аријана Гранде носеше обетки со бисер и дијамантски солзи од Лореин Шварц (кои го надополнуваат дизајнот на нејзиниот дијамантски веренички прстен украсен со бели бисери), пар високи, сатенски бели сандали со платформа на марката Џузепе Заноти и превез должина до рамена го надополнуваше нејзиниот изглед.
Фризерот Џош Лиу избра „half-up“ фризура со висока опашка за Аријана, која пејачката инаку ја обожава. За да го комплетира нежниот изглед, шминкерката Еш Кеј Холм ги истакна очите со ајлајнер, додека остатокот од шминката беше во неутрални тонови.
Свечената церемонија се одржа во домот на пејачката, во друштво на дваесетина членови на семејството и пријателите. Украсен со свеќи, романтично осветлениот простор беше украсен со прекрасно зеленило, како и изобилство на цвеќиња што висеа на таванот.
Погледнете повеќе слики од венчавката, направени од фотографот Стефан Коли.








