Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Аријана Гранде на столбот на срамот поради својот изглед:со Објавa на „ТикТок“ со барање до обожавателите…

По Мадона, на ред дојде уште една пејачка која е редовно критикувана од таканаречените обожаватели поради нејзиниот изглед.

Аријана Гранде, поп икона која е на сцената повеќе од една деценија со повеќе од девет милиони продадени албуми и 63 милиони продадени дигитални синглови, повторно се најде на столбот на срамот поради нејзиниот изглед.

Имено, иако дивата во текот на кариерата најмногу се величаше естетски поради нејзините совршени црти на лицето и хармоничното, „ситно“, витко тело, имаше фази кога обожавателите изразија загриженост за нејзините чести промени во изгледот – од бела кожа до екстремно темна,од крупни очи кон азиско-коси,пластичната хирургија беше доведена во прашање.

Пејачката ги отфрли сите обвинувања, а овој пат преку видео клип се огласи да објасни колку негативните коментари се штетни за нејзиното ментално здравје.

На својот профил „ТикТок“, 29-годишната девојка изјави:

  • Не го правам тоа често затоа што не ми се допаѓа и не сум добра во тоа, но сакам да зборувам за вашите грижи за моето тело и малку повеќе за ефектот што го има врз мене. Мислам дека сите коментари кои се фокусираат исклучиво на нечиј изглед, без разлика дали се позитивни или негативни, не се здрави. Да научиме воопшто да не коментираме.

Таа предложи фановите и критичарите да се фокусираат повеќе на нејзиниот успех наместо на естетиката.

@arianagrande

♬ original sound – arianagrande

Моментално сум со подобро здравје од претходно, затоа, она со што го споредувате моето сегашно тело е всушност најнездравата верзија од мене. Во тој период бев на антидепресиви кои ги мешав со алкохол, не јадев и тоа беше многу опасно. Знам дека можеби не треба да се оправдувам, но мислам дека ако можам да бидам отворена и ранлива со вас – нешто добро ќе излезе од тоа.

Дивата нагласи и фановите да не прават претпоставки бидејќи немаат вистински увид во нејзиниот приватен живот.

  • Мислам дека секој е убав во која фаза и да е. Ви испраќам многу љубов и не заборавајте дека тежината, шминката или козметичките процедури што можеби ги имате или не, не го менуваат тоа што го имате внатрешно во вас. Имајте убав ден – рече Аријана.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
grandpashabet   holiganbet   casibom   casibom