Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Анџелина Џоли и ќерката Шајло на опуштена прошетка: И на улица секој останува доследен на својот стил

Шајло Џоли-Пит и нејзината мајка Анџелина Џоли уживаа во шопинг и лежерна прошетка облечени во лежерни комбинации, секоја во свој стил.

Шајло носеше син џемпер и широки фармерки со висок струк, додека Анџелина се одлучи за нешто што повеќе одговара на нејзиниот стил – безвременско здолниште во А линијата и сив џемпер со долги ракави, кој беше полузакопчан. Ќерката се одлучила за патики, а Анџелина високите потпетици ги заменила со балетанки.

Тие двајцата во последно време се почесто излегуваат на прошетки, неоптоварени со својот изглед и модни комбинации.

Во квартот Лос Анџелес конечно е укината мерката за носење маски во затворени простории, но ѕвездите сепак сакаат да останат безбедни, па не ги тргаат маските ниту на прошетки.

Русокосата Шајло добила добра генетика за виткоста од двајцата родители, но тоа е единственото нешто што го споделува со нејзината мајка. Нивното чувство за мода е драстично различно, бидејќи кога Шајло и нејзината мајка присуствуваат на настани на црвениот тепих, и секогаш избирала патики наместо високи потпетици. Нејзиниот стил во последно време претрпе драстична промена бидејќи Шајло отсекогаш преферирала да избира „момчешки“ комбинации, но неодамна се појавува и во фустани, на задоволство на нејзиниот татко Бред Пит.

Актерката неодамна ја однесе Шајло на специјално патување во Камбоџа, каде и се роди посвоениот син на Анџелина, Медокс. Во една објава актерката напиша колку нејзиното семејство уживало во ова патување.

Неколку дена во Камбоџа меѓу топли локални луѓе и веќе чувствувам дека душата ми се опоравува. Ова отсекогаш беше посебна земја за мене и моето семејство – напиша таа во описот на фотографијата.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement