Познатата манекенка пред два дена пристигна во Белград, а според сите проценки одлично се забавува !По неколку дена престој во Будва, познатата манекенка Алесандра Амброзио со своите наследници, избраник и пријателите пристигна во Белград.
Манекенката вчера беше снимена како излегува од хотелот во строгиот центар на градот, а потоа отиде на обиколка на знаменитостите, па ја сподели снимката од Калемегдан.

По посетата на градот, Алесандра се подготвила за ноќно излегување, па се упатила кон познатиот главен градски сплав, на кој нејзиниот пријател славел роденден.
Имено, Милан Благојевиќ, менаџер на бројни светски манекенки, го прослави својот 40-ти роденден, а во оваа прилика го собра светскиот и домашниот џет-сет.Алесандра во еден момент го грабна микрофонот и му отпеа роденденска песна на Милан, а нејзиниот гест ги воодушеви сите присутни кои пееја заедно со манекенката.
Меѓу гостите беше и српската фолк пејачка Сека Алексиќ во чиј настап Алесандра уживаше за време на престојот во Будва, а познатата манекенка не ја пропушти приликата да направи Инстаграм приказна со Сека која, очигледно, ја воодушеви со својата енергија и пеење.
Гостите се забавуваа до доцна во ноќта, а Алесандра не можеше да го сокрие задоволството, па во текот на целата вечер на Инстаграм споделуваше видеа од забавата.Инаку, во Србија специјално за оваа прилика отпатува и манекенката Нина Сеничар која долги години се дружи и соработува со роденденското момче, а меѓу гостите беше и Весна Југовиќ која ги сними најинтересните моменти од прославата и ги сподели преку социјалните мрежи.
