Покрај тоа што е прославена тенисерка, освојувачка на грен слем титула и голема хуманитарка, во модна смисла, Ана Ивановиќ е термин за врвна елеганција и едноставен стил заснован на класици со вешти примеси на мудро избрани трендови.
Така, Ивановиќ во својата вчерашна објава на Инстаграм покажа црно-бел стајлинг составен од парчиња кои сами по себе се и модерни и основни.
Имено, познатата дама на оваа социјална мрежа споделила фотографија од Минхен на која носела црни кожени панталони, лежерен бел џемпер, а целиот аутфит го заокружила со пар мартинки.
Ана пред неполна недела го прослави својот 34-ти роденден, а ние и го честитаме во оваа прилика со избор на едни од најубавите фотографии кои се објавени неодамна.
По тој повод, нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер ја сподели објавата на својот Инстаграм профил со нежна порака посветена на „неговата убава сопруга“.


