Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Американскиот актер Крис Еванс ја освои титулата за најсекси маж на светот за 2022 година….

Американскиот актер конечно ја освои титулата која му побегна пред две години! Чекањето вредеше, а не го крие ентузијазмот и среќата што сака да ги сподели со мајка си. Магазинот People секоја година прави избор на најсекси момци на светот, а овој пат првото место го зазеде 41-годишниот Крис Еванс.

Откако беше прогласен за победник на шоу програмата „The Late Show“, публиката почна гласно да свирка и да аплаудира, а несомнено е дека Крис освои најмногу аплаузи од жените. Сепак, тој потоа и се обрати на својата мајка, нагласувајќи колку е среќен што ѝ го разубави денот со освојувањето на оваа титула.

“Мама ќе биде многу среќна. Таа е горда на се што правам, но ова е нешто со што навистина може да се пофали”, изјави Крис, кој ја пропушти оваа титула пред две години.

Да потсетиме дека магазинот People уште тогаш сакаше да го награди популарниот актер со ласкаво признание. Сепак, решиле да почекаат најмалку една година откако актерот објавил слика од гениталиите на интернет. Во 2020 година, Крис изјави дека сè се случило случајно и дека само се обидувал да објави видео на Инстаграм.

Иако успеа многу брзо да ја избрише експлицитната фотографија, веќе беше доцна – неговиот пенис го преплави Твитер и другите социјални мрежи и фотографијата за многу кратко време стана вирална. Велат дека кога еднаш ќе се најде на интернет, нема враќање назад, но ниту овој настан не го спречи Крис да ја освои секси титулата.

Крис стекна голема популарност со улогите во телевизиските серии, но во интервју за People откри дека после 22 години решил повеќе да ужива во слободното време. Тој се обидува да помине што е можно повеќе време со своето семејство во Бостон.

Прочитај

новости и трендови

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при...

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Advertisement