Ал Пачино го дочека четвртото дете во деветтата деценија од животот, но и првото со сегашната девојка.
Актерот кој наполни 83 години и неговата партнерка, 29-годишната продуцентка Нур Алфала, добија син.Тие се одлучија за интересно име со светски познатото презиме на гордиот татко, па така на своето малечко му дадоа име Роман Пачино.Претставникот на Пачино кон крајот на мај потврди дека актерот го чека четвртото дете, но прво со сегашната девојка. Тој ги има 22-годишните близначки Антона и Оливија со поранешната партнерка Беверли Ди Анџело, а ќерката Џули Мари (33) со поранешната девојка Јан Таранто.

Ал Пачино и Нур се во врска од април минатата година.Кога излегле на вечера, биле забележани од фотографи и следејќи ги откриле дека меѓу нив двајца има многу љубовни искри.Двојката, која ја дели голема разлика во години, несомнено делат еднакво голема љубов, која сега е крунисана со доаѓањето на малиот Роман на свет.
