Познатиот актер Ал Пачино (81) е виден како го напушта ресторанот Felix откако уживал во фантастична вечера со Нур Алфала (28) за време на викендот на плажата Венис, Калифорнија.
Откако уживаа во италијанската кујна,Ал Пачино заедно со ѕвездата и телевизиски продуцент на „Scarface“, претходно поврзана со Клинт Иствуд и Мик Џегер,пред да влезат во автомобилот налетаа на Вита Шнабел, поранешното момче на познатите модели Хајди Клум и Ирина Шајк, кој пушеше цигара пред ресторанот.

Ал Пачино е виден во црна облека, додека неговата младешка придружба за оваа пригода избра црни хеланки, маичка од тантела, кожна јакна и чизми на високи потпетици.

“Нашата разлика во години не ми значеше ништо. Срцето не бара години, само знае какво е чувството. Тоа беше мојата прва сериозна врска и бев многу среќна”, изјавила убавата бринета во една прилика и откри дека Мик Џегер е во „одлична форма“.
“Тој е повеќе фит од мене. Имам многу почит за неговата дисциплина”, додаде таа.
Што се однесува до Пачино, тој има долга листа на поранешни љубови, но никогаш не се оженил. Тој веќе една деценија е во врска со аргентинската актерка Лусила Сола, чија ќерка Камила Мороне е во врска со Леонардо ди Каприо. Тој беше поврзуван и со Дајан Китон, Џил Клејбург, Пенелопе Ен Милер, Кетлин Квинлан и Линдал Хобс. Таткото на три деца ги одгледа и 21-годишните близнаци Оливија и Антон со поранешната партнерка Беверли Д’Анџело, со која беше во врска седум години, а раскинаа во 2003 година. Тој има и 32-годишна ќерка со неговата поранешна учителка по глума, Јан Тарант.
