Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Актерката објави дека станала трансродово лице

Американската актерка која беше номинирана за Оскар во 2008 година за нејзината улога во филмот Џуно, 33-годишната Елен Пејџ, објави дека се идентификува како трансродов човек по име Елиот, пренесуваат американските медиуми. Елен призна дека е лезбејка пред шест години, а четири години подоцна се венчала за 26-годишната канадска танчерка Ема Портнер. „Драги пријатели, сакам да споделам со вас дека сум трансродово лице, јас ги користам заменките тој/таа за мене и се викам Елиот“, напиша актерката на својот Фејсбук профил.

„Се чувствувам среќно што можам да го напишам ова, да бидам на ова место во мојот живот“, каде во продолжение Елиот побара од фановите трпеливост. Призна дека се плаши од „инвазија на неговиот живот, омраза, шеги и насилство“ со кои може да се соочи.

„Мојата работа е вистинска, но јас сум ранлив. Вистина е, иако се чувствувам длабоко среќен и знам какви привилегии имам, но сепак, се чувствувам исплашено“, додаде тој. Во објавата нè откри дали има намера да оди на операција за промена на полот, но ги смени корисничките имиња од @TheEllenPage во @TheElliotPage. Им се заблагодари на своите најблиски за поддршката. „Јас сум навистина благодарен што ми помогнаа да дојдам до фаза во која сум доволно уверен дека сакам да станам вистинската“, напиша Елиот.

Нејзината/неговата сопруга Ема изрази поддршка за неа/него на Фејсбук профилот. „Многу сум горд на Елиот. Транс, квир и небинарни лица се подарок за овој свет. Барам за вашето трпеливост и приватност и да ми се придружите во поддршката на транс-животот секој ден. Животот на Елиот е подарок, ѝ само блеска, драга Е. Те сакам многу ’, напиша таа во објавата.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement