Адријана Лима, популарната манекенка и една од најубавите жени на светот, постојано е мета на критики во јавноста, особено откако трет пат ја исполни својата улога на мајка. Имено, поранешната сопруга на Марко Јариќ не се двоуми да го покаже вишокот на килограми добиени за време на блажената состојба.
Така беше и овој пат кога таа вчера се појави на доделувањето на ФИФА наградите во Париз како прва глобална амбасадорка на навивачите, придружувана од нејзиниот партнер Андреа Лемерс.

Ова беше нејзино прво официјално појавување на црвениот тепих откако во септември минатата година го роди синот Сајан.
Очигледни се промените во нејзиниот моден стил и се чини дека манекенката сега избира гардероба која е пред се удобна и која совршено ги крие недостатоците со кои се соочуваат жените по породувањето, но широката насмевка на нејзиното лице покажува дека таа се чувствува одлично во својата кожа.
Адријана за оваа пригода избра долг црн фустан со спуштени раменици, кој го комплетираше со ефективен накит и сатенска чанта во иста боја.

Она што особено го привлекува вниманието на јавноста е физичкиот изглед на Адријана. Поранешната српска снаа во оваа бременост многу се здебели, но и нејзиното лице се деформира, па коментарите на социјалните мрежи велат дека Лима не личи на себе.
Surprised to see Adriana Lima almost looking like a cat woman with so much plastic surgery and botox. She’s a beautiful woman and still young. Why?! #NextInFashion
— TV Watcher (@iLuvRealiTV) February 5, 2020
„Изгледа како мачка“, „Оваа жена целосно се промени, не личи на себе“, „Правела нешто на лицето“, „И ставиле ботокс што не делува“, „Вишокот килограми уште е забележлив“, „Пред бременоста имала филери, кои тргнале наопаку поради хормоните“, „Зошто и требаше да се обезличува, убава беше“, се само дел од коментарите за нејзиниот изглед.
Секако, не треба да и замерувате, со оглед на тоа што роди син само пред шест месеци, па веруваме дека ангелот на Victoria’s Secret многу брзо повторно ќе зачекори на модната писта и ќе блесне во полн сјај, а во галеријата погледнете како Адријана изгледаше порано, а како сега:




