Манекенката со својот избраник и децата приреди неверојатна церемонија и сето тоа го сподели на социјалните мрежи.
Адријана Лима, неодамна објави дека го чека своето трето дете, а прво со сегашниот вереник Андреа Лемерс. Парот на Инстаграм објави видео во кое го открива полот на бебето, а видеото започнува со Адријана и нејзините ќерки од првиот брак со Марко Јариќ кои зборуваат за тоа дали би сакале да имаат брат или сестра.
„Мислам дека ќе биде девојче“, велат тие, додека децата на Лемерс од првиот брак велат дека сакаат да бидат момче.
Во видеото сини панделки го исполнија воздухот, што значи дека манекенката ќе роди син.
