Албумот ќе биде посветен на нејзиниот развод!
Одлична вест за обожавателите на Адел: извор близок до пејачката соопшти дека многу скоро ќе издаде нов албум!
Четвртиот албум на sвездата ќе биде објавен по пауза од скоро шест години – претходниот албум „25“ е објавен во 2015 година. За тоа време, поп дивата успеа да го смени изгледот и да се разведе – а темата за развод ќе се појави и во новите песни. Инсајдерот откри дека пејачката ги поминала последните месеци во студиото снимајќи нова музика – и дека со нетрпение очекува да ја сподели со светот.
Исто така, близок пријател на пејачката, британскиот ТВ водител Алан Кар, навести за претстојното издание на албумот. „Слушнав неколку песни од албумот. Ох боже, неверојатно е добар. Овој глас е како стар пријател. Постојат неколку пејачки кои имаат сличен глас како Адел. Но, кога ќе ги слушнете нејзините песни – и сфаќате дека има само една Адел “, изјави Кар во едно интервју.
Да потсетиме, последниот голем настап на пејачката во јавноста се случи минатиот октомври – таа се појави во епизодата на програмата Saturday Night Live. Потоа ја изненади публиката со неверојатно слабеење и признала дека сè уште не го завршила новиот албум.

