Потврдата за љубовта пристигна во форма на заедничко селфи и сите се согласуваат дека се прекрасен пар.
Кон средината на јули се зборуваше дека британската музичарка Адел повеќе не е соло и дека Рич Пол, спортски агент кој го претставува легендарниот кошаркар Леброн Џејмс, ѝ го украл срцето.

Дека е навистина заљубена ,,до уши”, наградуваната пејачка конечно потврди со заедничка фотографија со нејзиниот нов партнер, што за кратко време предизвика лавина позитивни реакции од светската јавност. Згодната кантавторка позираше со новиот избраник и сите се согласуваат дека тие се навистина убав пар…
Иако секогаш се труди да го држи својот приватен живот подалеку од очите на љубопитните, се чини дека ценетата британска музичарка Адел повеќе не сака да крие дека е среќно вљубена.

Откако беше фотографирана на кошаркарски натпревар во јули во друштво на шест години постариот спортски агент Рич Пол, почнаа да кружат гласини дека 33-годишната пејачка повторно вљубена, а гласините сега ги потврди и самата.
На својот Инстаграм профил, повеќекратната добитничка на Греми сподели две нови фотографии на кои позира во црн фустан со драматични бели детали, како и селфи во друштво на нов партнер, инаку агент на кошаркарската икона Леброн Џејмс.

Во прилог е емотиконот на срце што авторката на хитот „Rolling In The Deep“ го додаде во објавата, а фановите ширум светот ја опсипаа со комплименти и ѝ рекоа дека таа и Пол Рич се прекрасен пар.
