Пејачката Адел прв пат се појави како водителка на популарното американско вечерно шоу „Saturday Night Live“.
Ова беше нејзино прво појавување во јавноста откако изгуби 45 килограми. За време на шоуто, пејачката, секако, обрна внимание на слабеењето, што веќе сите го забележаа – и се пошегуваше при поздравувањето.
„Знам дека не изгледам како што изгледав последен пат кога ме видовте”, започна Адел. И таа продолжи: „Поради сите овие ограничувања во врска со коронавирусот, морав лесно да патувам и затоа тука можев да донесам само еден дел од себе – затоа го избрав овој дел“.
Да ве потсетиме, по разделбата со сопругот во 2019 година, Адел реши радикално да го промени својот живот, па ја донесе својата линија во совршена форма. Иако ретко се појавува во јавноста, таа на својот Инстаграм сподели фотографии од нејзината трансформација.
