Во најновото видео, Адел носи впечатливи креации од Луј Витон, Вивиен Вествуд и Харис Рид. Проверете ги сите 3 импресивни изданија!
Со новиот видео запис за песната „Oh My God“ во режија на Сем Браун, кој е одговорен и за спотот за „Rolling in the Deep“, Адел не „почести“ со нејзиниот прекрасен вокал и неколку интересни модни изгледи кои суптилно ја илустрираат пораката што ја пренесува песната.
Во воведниот дел од црно-белото видео, Адел носи елегантна комбинација на Харис Рид која внесува модерен „twist“ на класична „pussy bow“ блуза: проѕирен тафтиран материјал и преголеми ракави оставаат драматичен впечаток.
Подраматичен е нејзиниот втор изглед потпишан од Николас Гескиер за Луј Витон: како свештеничка од висока мода, во фустан по нарачка што личи на свештенички одежди, пред неонски ореол, овој аутфит му дава доза на фетишизам од долги кожени ракавици (исто како што таа пее: „On the edge of Heaven and Hell…“).
Врвен дострел е црвениот фустан на Вивиен Вествуд, изработен специјално за неа, во кој Адел докажува дека навистина е „a grown woman and I do what I want to do“ – а тоа го прави со извонреден стил.
Уживајте во песната и видеото:



