Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Адам Левин проговори за обвинувањата дека ја изневерил својата сопруга…

Адам Левин има намера да ја обнови врската со сопругата Бехати Принсло, откако јавно беше обвинет за изневерување.

Музичарот го прекина молкот за бројните дискусии во вторникот, а сега извори велат дека 43-годишниот фронтмен на Maroon 5 работи напорно за да ја поправи ситуацијата. Во својата порака, музичарот ги негираше наводите за физичко неверство кон својата сакана, која сега е бремена со нивното трето дете, но призна дека сепак ја преминал границата.

„Тој призна дека се однесувал непримерно и дека ѝ се „прикрадувал“ зад грб. Но, таа сепак е многу вознемирена. Супермоделот и понатаму е 100% посветена на семејството. Адам сочувствува со неа и се обидува да ги исправи работите. „Тој не сака развод“, вели инсајдерот.Во меѓувреме, друг извор забележува дека секој брак има свои тешкотии, но Адам знае дека тоа е негова вина. Да потсетиме, во понеделникот манекенката Самнер Стро во вирално видео за TikTok зборуваше за својата едногодишна романса со Левин. Сепак, таа не прецизираше временска рамка, а засега оваа изјава изгледа премногу контрадикторна.

„Во некои случаи тоа стана несоодветно. Размислив за тоа и презедов активни чекори за да ја средам ситуацијата со моето семејство. Мојата сопруга и моето семејство се сè што сакам на овој свет. Тоа што бев толку наивен и глупав за да ризикувам беше најголемата грешка што можев да ја направам. Никогаш повеќе нема да го направам тоа. Ја преземам целосната одговорност. Ќе го поминеме ова. И низ ова ќе поминеме заедно“, сумираше самиот уметник.

Како ќе се развива ситуацијата меѓу Бехати и Адам, ќе следиме и ќе ве информираме за се!

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement