Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Знаци кои покажуваат дека сте премногу зависни од партнерот

Природно и нормално е што со текот на времето, партнерите стануваат најдобри пријатели кои можат целосно да се потпираат едeн на друг.

Но, додека поддршката од партнерот е една од најважните елементи во врската, тоа не значи дека луѓето во врска не треба да бидат независни. Постојат многу докази дека луѓето кои не се независни и кои сами не наоѓаат поддршка, не можат да бидат добри партнери. Во случај на прекумерна зависност, љубовната врска се претвора во токсична врска за која многумина не се свесни. Ова се некои од знаците даваат до знаење дека премногу сте зависни од партнерот.

Не се гледате со пријателите

Почетоците на врската скоро секогаш значат оддалечување од пријателите. Ова е сосема нормално затоа што сте во фаза на запознавање. Но, ова во никој случај не треба да се одолговлекува, ниту пак треба да станете личност што ги запоставува вашите пријатели, семејството и животот надвор од врската во целина заради врската.

Гo запоставувате вашето хоби и не правите ништо самостојно

Ако ги запоставувате работите што ве прават среќни и активностите што порано ги правевте сами заради партнерот, тоа е знак дека сте во нездрава врска. Секој партнер треба да има време за себе и да прави работи само за свое задоволство и среќа.

Барате одобрување за сè

Договорот и компромисот се важни делови од врската. Сосема е нормално да се договорите со вашиот партнер за важни потези и планови за иднината. Но, ако барате одобрување на вашиот партнер за мали нешта како излегување на кафе со пријателите, треба да знаете дека сте премногу зависни од него.

Не се чувствувате добро кога сте разделени

Недостигот е нормален за долго и ненадејно растојание од партнерот но, и отсуството на партнерот во важни животни моменти. Но, некои луѓе се чувствуваат тажни и нервозни веднаш откако ќе се разделат со партнерот или во моменти кога партнерот поминува време со други луѓе. Ако се чувствувате вознемирени во моментите на кратко разделување или во самата помисла дека партнерот ќе замине некаде без вас, треба да работите на сопствената независност и доверба.

Врската е вашиот единствен извор на среќа

Врската и партнерот не треба да бидат единствениот извор на среќа. Ако е тоа така и ако не успеете да најдете задоволство во други области на животот, тоа е знак дека сте незадоволни од самите себе. За да станете понезависни и среќни без ничија помош, работете на самодовербата и на тоа да се сакате и прифатите себеси.

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement