Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Women’secret го презентира новиот моден филм со шармантната Бланка Суарез

Како дел од новата кампања за лето 2016 шпанскиот бренд Women’secret го бира форматот моден филм за презентација на колекцијата костими за капење за лето 2016.

Филмот наречен “My secret dream” е снимен на спектакуларна јахта на отворено море, а главната улога ја игра шпанската актерка Бланка Суарез. Со своите 27 години, успехот кој го има постигнато и природната убавина, таа е вистинско олицетворение на сензуалноста која Women’secret сака да ја долови со новата кампања.

Суарез ја претставува вистинската Women’secret жена – онаа која се чувствува “убаво, удобно и секси” секој ден. “Мy secret dream” е место каде границата помеѓу реалноста и фантазијата избледува, а жената се чувствува како божица, дива која се капе во море од самодоверба и рефлектира моќен дух.

Со концептот “My Secret Dream”, брендот ја охрабрува секоја жена да го најде своето идеално, секси катче каде ќе се почувствува уникатно и автентично, како вистинска ѕвезда.

Бланка Суарез, која е дел и од неколку популарни филмови на Педро Алмодовар, меѓу кои и “The Skin I live in”, во врска со кампањата вели: “Се радувам што сум заштитно лице на оваа кампања на Women’secret, a oсобено ми се допаѓа тоа што брендот го надминува трендот на фотографирање на костими на песочна плажа, туку го надградува имиџот и додава елеганција користејќи брод како локација за снимање.”

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement