Доколку за некого можеме да кажеме дека е претставник на италијанскиот вкус и стил, тогаш тоа дефинитивно е Dolce & Gabbana, како и ексклузивниот производител на вино Donnafugata…
Врзани преку своето заедничко потелко и љубовта кон совршенството, двата славни брендови се одлучиле да се здружат за да креираат заеднички ново Розе вино. Ексклузивното вино има свежи сицилијански ноти и претставува идеална опција за сите луѓе кои уживаат во италијанските пијалоци.
Наменски наречено Розе, новото вино е креирано од бербата 2019, а окарактеризирано е со оригиналната мешавина на двете најпопуларни вина од овој регион: Nerello Mascalese i Nocera. Виното има суптилно нежна розева боја, а има ноти на јасмин со деликатно навестување на диви јагоди и праски
Цветниот пијалок се комбинира со минералната нота и деликатноста на Nerello Mascalese, заедно со магичните овошни компоненти кои ги добива од виното Nocera. Тоа е спакувано во вистински италијански стил, кој ја претставува атмосферата, традицијата и културата на островот на многу убав и шик начин.
Виното ќе биде во продажба од јуни оваа година.
