Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Versace Holiday кампања за 2020

Инспириран од сентименталното враќање дома за празниците, Версаче претставува фантастично патување во својата празнична кампања во 2020 година.

Патувањата на кои сме навикнале можеби се привремено во мирување, но тоа нема да ги спречи членовите на светот Версаче да скокнат во гламурозен кабриолет и да тргнат на пат.

Враќањето дома за прославите е една од најголемите радости во овој период од годината. Оваа кампања означува очекување на повторна средба со семејството, пријателите и најблиските – презентирање на живописни пејзажи кои истакнуваат многу различни патувања. Од зимски планински врвови до тропски позадини, модниот филм и придружните фотографии ја истакнуваат единственоста на нашите начини на славење. Патувањето до дома, кое може да биде и духовно и не физичко, се чувствува уште позначајно во овој временски период. Во срцето на кампањата е почитта кон љубовта и поврзаноста, со оптимизам дека заедно можеме да создадеме подобар свет.

Во рекламната кампања се појавуваат Ирина Шајк, Адут Акеч, Бјаџо Али Волш и Луис Бејнс, како и избор на познати личности од Версаче подготвени да ја прослават оваа празнична сезона и да започнат фантастично патување до дома.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement