Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Valentino лансира долгоочекувана линија на козметика

Заеднички проект на легендарната модна куќа и козметичкиот гигант L’Oreal.

Гласините кои кружеа последните неколку години конечно се потврдија – Valentino лансира козметичка линија. Италијанската модна куќа ги здружи силите со францускиот гигант за козметика L’Oreal и се подготвува да лансира сопствена линија за козметика. Засега, објавата на социјалната мрежа Инстаграм е многу лаконска и содржи само лого на новата линија, како и неколку објави и видеа на општата тема „Речник за убавина“.

Создадена е и посебна сметка на Instagram @valentino.beauty, чија содржина е сè уште идентична со објавите на главната сметка на брендот.

Претходно, Valentino, заедно со L’Oreal, веќе произведуваа парфеми – машки и женски мириси на марката секогаш станаа најпродавани. Сега, во рамките на соработката ќе се појави полноправна линија на козметика. Сè уште не е познато ништо за производите, но претходно се шушкаше дека ќе бидат вклучени производи за шминка и нови мириси, од кои едниот би бил во соработка со Лејди Гага.

Можеби претставниците на модната куќа решија да го следат примерот на нивните колеги од Gucci, кои претходно успешно лансираа линија на декоративна козметика.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement