Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Très chic! Најпопуларните стилови на шишки избрани од Французите

Серијата „Emily in Paris“ повторно предизвика интерес за стилот на Французинките, а еден од важните елементи на стилот е фризурата што ја носиме.

Фризурите многу добро можат да ја изразат нашата личност, и ако се водиме според таа логика – тогаш нивниот стил е лежерен и растоварен, исто како и нивната коса.

Дека во ова има многу вистина, покажуваат и две дами кои магазинот Vogue ги нарече „It“ парижанки.

Една од нив е манекенката Луиз Фолејн. Оваа убавица многумина ја споредуваат со Џејн Биркин, познатата актерка, модел, пејач и муза на легендарниот Серж Гајнсбург.

Сличноста е очигледна кога ги гледаме нивните фризури. Правите и неуредните шишки беа еден вид заштитен знак на Џејн Биркин, и исто како и многу други Французинки, Луиз обожава ваков вид шишки што ги носи со години.

Кога сама ќе ги пресечам, тие не се секогаш добри, забележува Луиз за која тајната на добриите шишки очигледно е во добра фризерка со мирна рака.

Уште една „It“ парижанка е трендсетерката Сабина Сокол. Инспирацијата за шишките ја пронашла во легендарната француска актерка Брижит Бардо.

Не ми се допаѓаат супер исправените шишки што ги носат девојчињата од основно, додава Сабина и истакнува дека претпочита ваков вид на шишки што го врамуваат лицето и оставаат малку романтичен впечаток.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement