Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Трендови: лежерен шик

Дојде време за вистинската гардероба, за вистинските дами…

Свртете нов лист и започнете отпочеток. Овој период од годината е полн со клишеа, но ако не сте една од Олсен близначките, не  секогаш е можно да се ослободите од минатогодишната облека и да започнете отпочеток. Ниту пак, тоа треба да се направи. Новиот моден шик е враќање кон класичните модели. Овие модели секогаш носат нешто спортско во нив, а и нивната едноставност, без прекумерен напор и малку подоткирена кожа, дава нов сексапил.

Деловна жена – негувана коса, удобна облека, но со шик изглед, голема чанта и без премногу додатоци. Во својот куфер има многу облека која не се гужва, лежерни панталони, лесни џемпери и тесни фустани. Оваа жена е вашата нова муза.

Ревијата Chloé треба да ви биде пример за оваа сезона. А, пак, неутралните парчиња на Clare Waight ќе ве натераат на шопинг веднаш кога ќе ги погледнете нејзините модели: големи плетени џемпери кои ги прекриваат кратките панталони, широки панталони со длабоки џепови, лежерна јакна и чевли на платформа. Моделите на Bottega Veneta, Max Mara и Reed Krakoff потврдија дека светло сината, белата и кремастата боја се хит на модните писти, а теракотната е нова боја во модните палети.

И покрај недостатокот на силните бои, ексцентричните додатоци и текстури како што се кожата, тантелата или свилата, гламурот сепак не се губи. Можеби ќе биде потребно малку повеќе време да се навикнете на едноставниот изглед, но промените се секогаш добредојдени, колку и самиот одмор.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement