Со оглед на тоа што мерките за борба против коронавирусот и одржувањето на социјалната дистанца ќе бидат меѓу нас уште некое време, сосема е логично да сакаме соодветно да ги подобриме нашите стилски избори…
Tom Ford ни дава шанса да го сториме тоа. Воведувајќи луксузни верзии на маски за лице, познатиот бренд уште еднаш го направи она што го прави најдобро. Направени во Италија од мека и мазна жерсеј ткаенина, маските се достапни во неколку бои. И додека оние со одреден степен на заштита не можат да се мерат со медицински опции, маските на Том Форд им даваат можност на модерните напредни луѓе да се бранат од вируси (барем до одреден степен) со стил.
Маските доаѓаат со логото на Tom Ford, прилагодлив дел за носот со тонски еластични ленти. Достапни во две големини, мала и голема, маските се продаваат за 95 долари и во моментов може да се купат преку Интернет во бутиците на брендот.
Иако се поскапи од многуте варијанти на кои досега наидовме, несомнено е дека тие нудат повеќе стил.

