Италијанското издание на магазинот Vogue им го посвети новото септемвриско издание на жените и разновидноста на убавината и има дури 100 насловни страници, а меѓу нив се ѕвездите од светот на модата, супермоделот и нејзината ќерка.
- „За прв пат направивме 100 корици и ги посветивме на индивидуалноста и различноста. Ова е вистинско време да се слушне и да се зборува за убавината и надежта“ – коментира главниот уредник на италијанското издание на магазинот Вог, Емануеле Фарнети.
Каја Гербер и Синди Крафорд настапуваат како модели што ги поврзуваат минатото и иднината, бидејќи мама некогаш беше врвниот супермодел, додека нејзината ќерка денес е една од најбараните модели во светот.
Креациите се со сив тон, стајлингот е минимален, така што нивната природна убавина е во преден план.
На насловните страни има бројни дами, но се потенцира нивната природна убавина и едноставност.
Сивите нијанси на палта, маици и други основни парчиња се наизменично на насловните страни кои ја слават различноста на изгледот и карактерот.
 
						
									
 
								
				
				
			 
 
 
 
 
 
 
				 
				 
				 
				 
				 
				 
				