Феноменот на облеката од втора рака не престанува да ги интригира поединците ширум светот. Како и каде можете да ископате неколку сезонски дизајнерски парчиња по цена на едноставен ручек, и што прават сите компании за да ги оправдаат своите лоши постапки кон планетата, од ова издание, во рамките на проектот „Одржлива мода за заштита на животната средина“ поддржан од Министерството култура и информации, списанието ELLE лансира синџир на текстови што ќе ја подигнат свеста за важноста на одговорното купување и трошење.
Истражувањата покажаа дека ако едно парче облека се продолжи со носење на уште две години, загадувањето би се намалило за 24 проценти.

Дури 70 проценти од облеката во сопственост на просечен жител на Земјата воопшто не се носи. Студиите покажаа дека поединците размислуваат во рамките на своето видно поле, поточно го облекуваат она што го забележуваат веднаш штом ја отворат гардеробата.
Професорот Скот Галовеј од Њјујоршкиот универзитетот предвидува дека брзата мода ќе биде „уништена“ во наредните 10 години. Еден од неговите аргументи е фактот дека ваквите брендови, за да ги намалат трошоците, имаат значително влијание врз влошувањето на квалитетот на облеката и после неколку носења стануваат неупотребливи, така што младите луѓе се повеќе спремни да купат vintage парче кое трае 20 години отколку некое друго парче облека.
Пазарот за продавници за економија и половна облека во Америка вреди 24 милијарди долари, додека брзата мода се проценува на скоро 35, што укажува на тоа дека овие два антипода полека се приближуваат еден до друг. Знаеме дека Меклемор и принцезата Нокиа пееја за нив, но кога точно процветаа овие бутици, и кога луѓето престанаа да се срамат да носат нешто што веќе го носеше некој пред нив?
Легендата вели дека во секоја second hand постои и Светиот Грал. Не, тоа не е чашата од која пиеше Исус на тајната вечера, туку другата – модерна.
Станува збор за парче што, кога би знаеле дека го имаат, сопствениците на продавниците би можеле да го продадат по многу, многу поголема цена. Лично, никогаш не наидов на такво нешто, но имам слушнато неверојатни приказни за луѓе кои успеале да стигнат до некои.
Од The Row фустаните за 1.000, пантолоните Fendi за 500, сè до кошулите на Ralph Lauren за 200 денари. И секогаш кога ќе дознаев дека некој успеал во таа скоро невозможна мисија, ќе одвоев попладне да ги обиколам овие продавници, но сè уште не сум имал среќа.
