Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Samsung фармерките по цена од 1000 долари се совршениот пар на Galaxy Z Flip3

Samsung објави дизајнерски фармерки кои чинат 1.000 долари и имаат само еден џеб кој е специјално дизајниран за нивниот нов телефон на преклоп.

Кога ќе помислите на Samsung, она што ви паѓа на ум се телефони, фрижидери или цела низа други уреди. Сепак, како своевидно пријатно изненадување, брендот сега е подготвен да влезе во светот на инвентивните носливи дизајни. Во партнерство со најомилениот австралиски бренд за фармерки – Dr Denim, Samsung неодамна лансираше пар фармерки со посебен џеб за Galaxy Z Flip3 што е стратешки поставен на десниот колк и дизајниран да одговара на нивниот најнов телефон на преклоп. Сите други џебови се сошиени или целосно отстранети! Додека задните џебови на фармерките беа отстранети, оригиналните предни џебови се украсени со два натписи Z.

„Џебовите од фармерките заземаат премногу простор, не изгледаат стилски, а најновите телефони „лизгаат“ во нив… Паметните телефони често не се погодни за џебови, па затоа го користевме стилот на Dr Denim за дизајнирање фармерки кои ја менуваат џебната норма и совршено се вклопуваат во нашите компактен Galaxy Z Flip3. Нашите корисници на Galaxy Z Flip3 го очекуваат најдоброто во дизајнот и можностите за џеб, и кој е подобар начин да останат во чекор со нашите премиум телефони од совршениот пар фармерки по нарачка?“

Само 450 пара Z Flip Denim фармерки се направени во машки и женски стил. Тие се со цена од 1.000 долари и моментално се достапни на веб-страницата на брендот Dr. Denim.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement