„Вежбам. Јадам здраво колку што можам. Ја сакам мојата кожа и не се срамам од неколку риги, испакнатини или целулит, ниту вие нè треба да се срамите“, напиша една од најпознатите модели со плус големина Ешли Грем на својот Инстаграм профил.
Целулитот е резултат на неправилна исхрана, недоволна физичка активност, ненадејни промени во тежината, слаба циркулација, стареење, но и разни болести со кои се соочуваат голем број жени.
Иако Ешли Грем гордо го покажува целулитот на своите социјални мрежи, но тоа нè го прави кога ќе ја ангажираат да носи позната облека. Во повеќето реклами за капење, нејзиното тело е „пеглано“ во Фотошоп.
Искра Лоренс, која исто така изгради сериозна кариера во моделирање плус големина, се соочува со слични проблеми.
Многу дами ширум светот ги гледаат овие нереални прикажувања на модели во реклами и не можат да одолеат на нагонот да се споредат себеси со нив. И, затоа добар дел е незадоволен од нивните тела. Тие забораваат дека она што го покажуваат рекламите во најголем дел не е вистина.
Секоја жена во одреден момент од својот живот имала или ќе има целулит. Ниту фитнес кралицата Џенифер Лопез, која вежба секој ден, ниту модели како Алесандра Амброзио или Кејт Мос не можат да избегаат од него.
Доказот е во нашата галерија за фотографии.
