Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

„Прада“ претстави фармерки кои ќе бидат хит оваа есен, но од цената ќе ви се заврти во главата

Заштитниот знак на италијанската модна куќа Прада, емајлиран метален триаголник со логото на брендот, го најде своето место на женските фармерки.

Модниот бренд Прада е најпознат по своите колекции на висока мода, кои оддаваат гламур и раскош, а сега воведоа универзално парче облека што може да се носи во сите прилики.

Ова се едноставни црни фармерки кои ја следат линијата на телото и лесно може да се комбинираат со различни стилови и трендови.

Ова модно парче е совршено за сите сезони, а фармерките доаѓаат во црно и се направени од 100 проценти памук, со овие зборови славната марка ја опиша својата нова креација.

Фармерките се со висока половината и рамен крој, а украсени се со препознатливо лого кое е втиснето на задниот џеб.

Овој суптилен дета додава допир на луксуз на ова обично парче облека. Сепак, она што ги изненади многумина беше цената на креацијата што ја потпиша оваа модна куќа.

View this post on Instagram

Denim feels?Tap to shop @prada

A post shared by HBX Women (@hbxwm) on

Иако некои се подготвени да дадат повеќе пари за квалитетни фармерки, 715 долари или нешто повеќе од 37 000 дeнари, тоа звучи премногу за многумина.

Дали ви се допаѓаат овие фармерки?

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement