Минатиот септември, претставувајќи ја својата колекција Луј Витон за пролет / лето 2021 година, Николас Гескиер изненади со пар зимски чизми со монограмот LV.
Pillow boots од Луј Витон потсетуваат на трендовските апрес-ски, совршената зимска чизма што со стил го издржува студот. Моделот беше претставен на модната писта на француската куќа пред само шест месеци, кога Никола Гескиер ја претстави својата колекција пролет / лето 2021 година. Овие удобни зимски чизми толку многу ги окупираа срцата на инфлуенсерите што веќе ги има во продавниците, помалку од 3 месеци по ревијата, иако главната колекција сè уште не е достапна.
.jpg)
Josefine HJ, Leonie Hanne, Marie von Behrens и Pernille Teisbaek докажуваат дека и покрај зимскиот изглед, овие меки чизми одат со сè – можат да се комбинираат со фармерки, хеланки, тренерки или дури и голи нозе.
