Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

PIAGET воодушевува со новиот модел на Часовник што ќе ви донесе среќа во 2022 година

На крајот на 2021 година, швајцарскиот бренд за накит и часовници Piaget го најави долгоочекуваниот новитет – часовник со главниот симбол на 2022 година во рамките на колекцијата Altiplano.

Моделот излезе во продажба во ограничено издание од 38 парчиња. Часовникот има бројчаник од 38 mm и е изработен од 18-каратно бело злато со 78 брилијантно исечени дијаманти. Часовникот со тема на тигар е опремен со ултра фин механизам со рачно намотување 430P кој ги одразува високите вештини на занаетчиот од Piaget.

Главната декорација на новиот часовник е бројчаник, на кој се покажува емајлиран тигар. Комплексниот материјал го обработи легендарната Анита Проше, која со Piaget соработува од 2006 година и работи исклучиво со емајл. Таа користела техника стара повеќе од 4.000 години: шарата ја пренела на површината на бројчаникот користејќи златни ленти за да направи минијатурни прегради, а потоа ги пополнувала празнините со разни пигменти. Бројчаниците потоа се испраќаа во рерната неколку пати и беа лакирани.

Секој кој бара екстравагантен луксузен подарок за себе или за некој близок за Нова Година, дефинитивно треба да обрне внимание на новиот модел на Piaget кој ќе донесе среќа во „Година на тигарот“ која е пред нас.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement