Американската пејачка, инаку љубител на познати брендови, е новото заштитно лице на модната куќа позната по своите авангардни модели, дизајн и обемни комбинации на уличен стил.
Карди Б има статус на љубител на скапа облека и често се облекува во една марка од глава до пети. Сега има нова модна соработка со Баленсијага, чиј креативен директор е авангардата Демна Гвасалија.
Парискиот бренд Баленсијага го носи името на еден шпански дизајнер кој беше познат по своите гламурозни и совршено конструирани вечерни фустани.
Денешниот креативен директор Гвасалија го воведе брендот во сферата на уличниот стил и е познат по својот волумен, слоевити парчиња и често авангардни комбинации и кампањи. Карди Б се појави на голем постер во Париз, облечена во долг темносин фустан, нова креација од куќата на Баленсијага.
