Ако, како и многу жени, сте заљубени во некој од вашите омилени парфеми, веројатно сте биле во искушение да го испрскате на вашата коса.
Сепак, како што тврдат експертите, тоа не се препорачува, бидејќи присуството на алкохол во парфемите ја суши косата. Она што тие го советуваат, а што се покажа како многу ефикасно во пракса, се парфемите за коса.
Дали имате таков парфем? Тоа е специјално креиран производ кој не ја оштетува или суши вашата коса, а можете да го користите кога сакате и во интензитет што ви одговара.
Покрај прекрасниот мирис кој ќе ви го разубави целиот ден и секое излегување, овој парфем обезбедува и дополнителна нега на коса, правејќи ја здрава и сјајна.
Се препорачува парфемот за коса да се нанесува на растојание од околу 30 см, така што честичките се рамномерно распоредени на косата. Исто така, постои и друг начин да се нанесе парфемот – можете да го испрскате на четката и да го нанесете на косата, со нежно чешлање.
Голем број на парфеми за коса содржат активни состојки кои ја штитат косата од негативно УВ зрачење, поради што особено се препорачуваат во текот на летото, кога косата е најзагрозена.
Исто така, парфемите за коса се создадени за да ве ослободат од непријатни мириси како што се мирис на храна или мирис на пот по вежбање. Тие исто така многу помагаат во случај да не сте имале можност да ја измиете косата кога сте планирале. Тие ефикасно покриваат дури и ако вашата коса е мрсна или лабава.
Доколку досега не сте имале можност да пробате парфем за коса, веруваме дека овие позитивни аспекти ќе ве натераат да го сторите тоа.
За да може ефектот да биде најизразен, потребно е косата да биде сува и чиста, сушена природно и не со фен за коса, како и да не се користат шампони кои содржат силикони и сулфати при миење.
Во мноштвото интензивни мириси на парфеми за коса, сигурно ќе најдете оној кој е уникатен само за вас.
 
						
									
 
								
				
				
			 
 
 
 
 
 
 
				 
				 
				 
				 
				 
				 
				