Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Панталони на надувување од скоро 2.000 долари

Панталони на надувување – го заинтересираа целиот Интернет.

Создадени од дизајнерот на необична машка мода, Харикришнан, овие “балон” панталони претходно привлекоа големо внимание на Инстаграм, а сега може да се купат за повеќе од 1.000 долари. Латекс панталоните за прв пат се појавија на модната писта за време на дипломската ревија на Лондонскиот моден колеџ. Сега, овој 26-годишник соработувал со новиот пазар на мода и уметност, APOC store , за да ги направи своите креации достапно за луѓе од целиот свет, односно за оние храбри луѓе кои би сакале да ги носат.

Харикришнан, чиешто име на марка е начена едноставно Harri, нуди два различни пара на панталони на Интернет, при што и двата се прават по мерка. Неговите панталони се достапни во сите димензии, додека црниот пар, наречен Black Limo, чини 1.160 долари, а карневалскиот, Striped Swirl – 1,961 долари.

Панталони се со ултра широки ногавици, но се стесни на половината. Притоа, се шират околу бутовите, а потоа повторно се стеснуваат кај глуждовите. Нивната прекумерна силуета се постигнува со пумпање на воздухот низ вентилот Carmo 7 mm што се наоѓа на нивното дно.

Бидејќи панталоните се изработени од темпераментен латекс, со нив ќе добиете бројни предупредувања. На пример, не смеете да ги „дувате премногу“ и секогаш мора да се покриете со слој на талк пред да се носите. Вие мора да ги чувате подалеку од извор на топлина, дневна светлина, метал и масло. Тие немаат патент, па затоа е подобро да ја посетите тоалетот пред да ги облечете.

Харикришнан претходно изјави за британското издание на магазинот „Vogue“ дека ја добил идејата да ги создаде овие панталони додека го шетал своето куче. Тој се обидел да разбере како изгледа тој од гледна точка на своето милениче, и така се појавила идејата за надувувани панталони.

Дали имате доволно храброст да ги носите?

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement