Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Овие 12 модни парчиња се чисто фрлање пари: Во нив ќе изгледате како аматер во модниот свет!

Модата ни носи изненадувања секоја година, дизајнерите секоја сезона излегуваат со нови идеи, комбинирајќи го она што порано било некомпатибилно.

Така, голем број на целосно непрактични парчиња што можете да ги носите само во ретки прилики на крајот пристигнуваат на полиците во продавниците.

Препорачуваме да не ги купувате следниве парчиња, како трендови кои ќе изминат за година-две – тие се чисто трошење пари!

  1. Микро чанти

Иако тие се неодоливи, тие се целосно непрактични затоа што некои се толку мали што дури и не можете да ставите огледала во нив. Најлошо од сè, овие минијатурни неупотребливи ташни чинат исто колку и кожните торби, поради што оваа инвестиција воопшто не е профитабилна.

  1. Долна облека „на мегдан“

Иако повеќето луѓе имаат лошо мислење за ова, тангите и другата долна облека што штрчат од пантолоните се повторно честа појава на модните писти. Љубителите на трендот се обидуваат да ја копираат оваа мода, но тоа не е доволно – долна облека што ѕирка не само што е непрактична и дискутабилна, туку навистина не е нешто што сакаме да го гледаме секој ден.

  1. Чевли со долг шпицаст врв

Одењето во чевли како овие е вистинска тортура и нема тренд кој вреди толку многу мачење.

  1. Облека со големи раменици

Потребно е многу напор, вештина и услови да не изгледате како шифоњер кој оди во ова.

  1. Латекс или кожни хеланки

Ова парче ја истакнува скоро секоја педа од телото и ги прави дури и најмалите недостатоци да се истакнат. За да изгледате убаво во хеланки вака, потребен ви е цел тим асистенти и многу додатоци.

  1. Пончо

Иако на пистите изгледа интересно и убаво, дури и најпознатите стилисти не се сигурни со што точно треба да носите пончо. Всушност, ова парче не е ништо друго освен карирано платно со процеп за главата, што ѝ дава на фигурата на жената дополнителен волумен.

  1. Кожни чизми до половина бут

Овој модел на обувки изгледа одлично само на модната писта. Во реалниот живот, чизмите како овие даваат само непотребна вулгарност на вашиот изглед. Покрај тоа, жените со просечна висина или краток раст, никогаш не треба да ги носат, бидејќи тие целосно го менуваат изгледот на нивните пропорции.

  1. Облека „oversized“

Благодарение на удобноста и практичноста, огромните парчиња облека станаа број 1 во гардеробите на многу жени. Но, тие изгледаат добро само на тенки дами, додека жените со просечна тежина во нив ќе изгледаат како нивното тело да нема форма.

  1. Спортски трендови

Откако патиките почнаа да се носат со сите можни комбинации, во игра влегоа и други спортски парчиња, како што се тесни шорцеви за велосипедисти и тесни топови за вежбање. Иако моделите на пистите ги носат добро со потпетици и елегантни торби, во секојдневниот живот овие комбинации се под големо прашање.

  1. Папучи со крзно

Тие се одлични за околу куќата, можеби и за пистата, но не и за надвор. Всушност, тие брзо се валкаат, а по миењето на крзното веќе не изгледаат привлечно.

  1. Палацо панталони

Изгледаат навистина импресивни, но овие пантолони не се за секојдневниот градски живот. Бидејќи тие се широки и доволно долго за целосно да ги покријат чевлите, овие панталони секогаш ќе бидат валкани.

  1. Чорапи на сандали

Не знаеме како тие успеваат да изгледаат добро на пистата, но во секојдневниот живот ќе изгледате смешно и нема да можете да чекорите правилно, затоа што нозете постојано ќе ви паѓаат од чевлите.

Прочитај

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

Advertisement