Денешниот свет во кој инфлуенсерите заработуваат една просечна годишна плата благодарение на само една платена објава, е повеќе од чуден…
Составен е од мажи и жени, се споделуваат различни интереси и појави, се разменуваат теории на заговор и често се рекламираат производи кои немаат точно таков квалитет со кој се фалат. Меѓутоа, кога 17-месечно бебе ќе се приклучи на таков свет, нашата љубопитност се буди сама по себе.
Малата Азалеа има гардероба исполнета со брендирани предмети, вклучувајќи парчиња од Гучи, Бурбери, Живанши и многу други, во вредност од 6.600 американски долари, додека „нејзините“ објави обично се придружени со негативни коментари за нејзината мајка.
Суела Гилај, која има дваесет и шест години и живее со нејзиниот сопруг, две години постариот Фабијан, во југоисточен Лондон, направила Инстаграм за нејзината ќерка. На нејзиниот feed, можеме да видиме слатко девојче во дизајнерски парчиња, заедно со голем број следбеници и за жал, хејтери.
Според сѐ, голем број на луѓе негодуваат на фактот дека толку мало девојче има скапа гардероба. Секој од нив се согласува дека родителите секогаш сакаат да им го дадат само најдоброто на своите деца, но многумина не се согласуваат со Суел поради тоа што споделува фотографии на Инстаграм.
Очигледно, Азалеа веќе има добиено договори со брендови, рекламирајќи ја нивната облека на својата социјална платформа. Ви предлагаме да ја разгледате нашата галерија и да откриете фотографии од ова бебе инфлуенсер, која веќе има гардероба на која би ѝ завидувале многу возрасни жени.
