Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Нова верзија на бисерни огрлици

Бисерите се носат веќе со векови – всушност, тие се највредниот подарок кај кинеските благородници уште од 2300 годиа пред нашата ера, додека во античкиот Рим, бисерите се сметале како ултимативен статусен симбол…

1893 година, Кокич Микимото успеа да ги произведе првите култивирани бисери во светот, а сите овие години, бисерите најмногу се асоцијација за жени. Можеме да кажеме дека добра работа е што постојат брендови како што е Comme des Garcons, кои сакаат да ги премостат разликите помеѓу полот и модата. Најавангардната модна куќа во светот го прави првиот чекор во светот на изработката на накит.

Колекцијата претставува освежување на бисерните огрлици во дури седум стилови, со CDG брендирање. Mikomoto Comme des Garcons, долгогодишната соработка помеѓу двете јапонски луксузни куќи, официјално ќе биде претставена во текот на претстојната модна недела, кога светот ќе се отргне од канџите на пандемијата. Ќе биде навистина интересно да се види како овие две луксузни куќи кои се во основа спротивни една со друга, работат заедно во креирање на нешто незамисливо.

Модниот дизајнер Реи Кавакубо одлучи да се здружи со брендот Mikimoto, со цел заедно да креираат унисекс бисерни огрлици, каде секој примерок е креиран од чисто сребро и White South Sea или Akoya Mikimoto бисери.

Mikimoto x Comme des Garcons колекцијата на накит наскоро ќе биде официјално лансирана, а цените ќе се движат од 2.800 па се до 39.000 долари.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement