За неговата последна кампања Луј Витон, уметничкиот директор на машкиот оддел, Вирџил Абло, ја претстави „Црна имагинација“.
Опишана како „трансформативен процес на размислување и осврт на наследените и честопати несвесни очекувања, поврзани со црните идентитети низ историјата, оваа колекција создава охрабрувачка свест за сегашноста и иднината“. Овој концепт е особено нагласен преку фотографиите есен / зима 2020 година, направена од Тим Вокер.
Наречена „Небо на Земјата“, новата колекција претставува визуелизација на утописка и надреална средина, која го рефлектира небото, додавајќи го разиграниот елемент на Абло од детството, што можевме да го забележиме во неговите претходни колекции. Фотографирајќи модели кои се одделиле од „територии, ограничувања и лични работи“, Абло објаснува дека тие се како духови од соништата, кои лебдат низ небото, далеку од границите и верувања.
Оваа колекција е исто така одраз на нејзините основни вредности, на кои се придржува во брендот Луј Витон, со цел да создаде свет од соништата, без предрасуди, да инспирира инклузивност и разновидност. Темата на „Црна имагинација“ беше презентирана со ангажирање на неколку млади креативци, како британскиот актер Мајкл Вотер и ганскиот модел Отава Квами.
Самата колекција претставува лежерен пристап кон кроењето, комбинирајќи стеснети силуети со парчиња инспирирани од уличната мода. Со модерни небесно сини модели, текстури и бои, асортиманот е далеку од традиционален, што претставува нов и рафиниран пристап кон класичен костум.
Целата колекција можете да ја видите во галеријата.







